Харис под знак прашалник за почетокот на НБА сезоната

Летното засилување на Сан Антонио Спарс, Тобијас Харис претрпе повреда за време на тренинг кампот на тимот и би можел да го пропушти почетокот на лигашката сезона, објави ESPN

Прегледи:

Датум:

Летното засилување на Сан Антонио Спарс, Тобијас Харис претрпе повреда за време на тренинг кампот на тимот и би можел да го пропушти почетокот на лигашката сезона, објави ESPN.

Триесет и четири годишниот ветеран, кој потпиша двегодишен договор од 31 милион долари со Спарс во јули, има повреда на левата нога и е под знак прашалник за отворањето на сезоната против Оклахома Сити Тандер.

Минатата сезона, Харис му помогна на својот поранешен тим, Детроит Пистонс, да го забележат својот најдобар настап во последните 18 години, стигнувајќи до полуфиналето на Источната конференција.

Во двете сезони откако се врати во Детроит, тој имаше просек од 13,5 поени и 5,6 скока по натпревар.

Пред да се врати во Пистонс, Тобијас Харис помина пет години со Филаделфија 76 ерс, а играше и за Милвоки Бакс, Орландо Меџик и Лос Анџелес Клиперс.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Сила прогласен за МВП на првото коло на „МТЕЛ“ Суперлигата

Иако ТФТ остана без бодови во Битола, новото засилување...

Зошто скандалот со Манчестер Сити фрла светлина врз финансиите на Манчестер Јунајтед?

Извештајот на независната комисија при Премиер лигата беше категоричен:...

🎬 Поза на бодибилдерка предизвика поплава од коментари: „Сè и се гледа“

Бразилската бодибилдерка Зама Бента привлече големо внимание по нејзиниот...

Конте: Во Англија денес користат базуки, додека сите други сè уште користат пиштоли

Поранешниот тренер на Наполи, Антонио Конте во интервју за...