Илиевски е новиот тренер на КК Маџари

Поранешниот селектор на националниот сениорски кошаркарски тим на Македонија, Марјан Илиевски, застана на чело на стручниот штаб на КК Маџари за сезоната 2026/27

Прегледи:

Датум:

Поранешниот селектор на националниот сениорски кошаркарски тим на Македонија, Марјан Илиевски, застана на чело на стручниот штаб на КК Маџари за сезоната 2026/27.

Илиевски, кој е и еден од коосновачите на клубот се враќа во Маџари, каде ќе ја предводи екипата во домашното првенство и во дебито во АБА2 лигата.

Тој е едно од најквалитетните имиња во македонската кошарка, со значајно меѓународно искуство, освојувач на трофеи и тренер зад кого стојат бројни успешни проекти.

„Со неговото знаење, визија и лидерство, влегуваме силно во новите предизвици! Со нетрпение ја очекуваме новата сезона! Добредојде дома, тренеру!“, стои во соопштението на кошаркарскиот клуб.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Пимблет сака реванш со Геиџи: Ќе го соборам во првите 10 секунди

Пади Пимблет не ја исклучи можноста за реванш со...

Јасикевичиус: Немаме идентитет како тим

Фенербахче не помина добро на турнејата низ Шпанија. Шампионите...

Сопственикот на Милан: Аморим е мојот „Топ Ган“, не треба да му дишам во врат

Сопственикот на Милан и раководител на инвестицискиот фонд „РедБирд“,...

„Два чекора напред, еден назад“ – Пјастри за кризата со автомобилите на Мекларен

Иако Оскар Пјастри повеќе не е директно вклучен во...