Ворнер трето интернационално засилување на МЗТ Скопје за новата сезона

Американскиот кошаркар Лесли Ворнер (28 години, 201 см) е најновото засилување на МЗТ Скопје, откако денеска официјално стави потпис на договорот со клубот од Аеродром.

Прегледи:

Датум:

Американскиот кошаркар Лесли Ворнер (28 години, 201 см) е најновото засилување на МЗТ Скопје, откако денеска официјално стави потпис на договорот со клубот од Аеродром.

По четирите години минати на Универзитетот Рио Гранде, првиот ангажман на Стариот континент го има во австриски Грац во сезоната 2021/22, која ја заврши во редовите на британски Њукасл.

Потоа настапува за Капфенберг (Австрија), Славија Прага и Усти над Лабем (Чешка), Короивос (Грција), додека минатата сезона ги брани боите на литванскиот прволигаш Јонава.

Ворнер е третото интернационално засилување на МЗТ Скопје за новата сезона, по сонародникот Ноа Фарахан и босанскиот центар Емир Крајиниќ.

Во сезоната што следува МЗТ Скопје ќе настапува во домашните натпреварувања, АБА2 лигата и ФИБА Еврокупот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Атанасов и МЗТ ја раскинаа соработката

МЗТ Скопје Аеродром соопшти дека клубот и досегашниот шеф...

„Не сте имале никој како мене во последните 70 години“, вели Хамилтон пред трката во Мексико

Луис Хамилтон (41), седумкратниот светски шампион во Формула 1,...

Трент се враќа во Премиер лигата?

Трент Александар-Арнолд (28) би можел да се врати во...

Кошаркар на Широки трчал низ селото, мештаните мислеле дека е мигрант и го пријавиле во полиција?

Американскиот кошаркар Шавон Луис, играч на ХКК Широки, наводно...