ФИФА го казни Фенербахче со забрана за регистрирање нови играчи поради неплатени финансиски обврски. Казната се однесува на следните три преодни рокови.
Доколку турскиот гигант го подмири долгот што е предмет на постапката, казната ќе биде укината.
Сè уште не е познато точно колку Фенербахче кому и колку му должи, бидејќи ФИФА не објави детали за случајот во своите јавно достапни евиденции.
Случајот со истанбулскиот клуб доаѓа во време кога голем број турски тимови се соочуваат со слични постапки. Според ФИФА, во моментов има 208 активни клубови од таа земја во нејзините евиденции.


