Гави ја зголемува тензијата пред „Ел Класико“: Не можам да поднесам никого од Реал!

Младиот играч за врска на Барселона, Гави, повторно е во центарот на вниманието пред „Ел Класико“. Во интервју за ESPN, тој нагласи дека не му е грижа за отсуствата на Винисиус и Куртоа, нагласувајќи дека ќе даде сè од себе за да победи против својот најголем ривал

Прегледи:

Датум:

Младиот играч за врска на Барселона, Гави, повторно е во центарот на вниманието пред „Ел Класико“.

Откако се приклучи на првиот тим на Барселона, Гави генерално се смета за еден од најборбените играчи кога станува збор за судири со Реал Мадрид. Во интервју за ESPN, Гави изјави дека „не му е грижа“ што Реал ќе игра без суспендираниот Винисиус и повредениот голман Куртоа, и дека, како и секогаш, ќе се потруди да победи.

„Не ми е грижа. Ова е Реал Мадрид и ќе дадам сè од себе, без оглед на тоа кој е на теренот. Некои играчи ми се допаѓаат повеќе, некои помалку, но кога сме на теренот, не можам да поднесам ниту еден од нив. Се надевам дека ќе можеме да им донесеме победа на навивачите, бидејќи тие ја заслужуваат“, порача Гави.

Младиот шпански играч од средниот ред се осврна и на Жозе Мурињо, шефот на тренерскиот штаб на Мадрид, велејќи дека му се допаѓаат ваквите тренери.

„Ми се допаѓа кога Мурињо држи говори. Ми се допаѓа таков тип тренер, со силен карактер и огнен темперамент. Ми се допаѓа кога ми е ривал. Го почитувам неизмерно. Сепак, сакам Барса да победи… Во мојата куќа, никогаш не сме навивале за Реал!“, додаде Гави.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Априлија се сомнева дека откажувањето на трката во Австралија му помага на Мартин

Извршниот директор на Априлија Рејсинг, Масимо Ривола, изрази сериозни...

Мусети ја освои својата трета АТП титула по четиригодишно чекање

Италијанскиот тенисер Лоренцо Мусети ја прекина четиригодишната суша и...

🎥 Хорор филм во „Театар на соништата“, на Карик му нема спас

Фудбалерите на Борнмут убедливо го надиграа и го победија...