Интер ја победи Фиорентина и се врати на првото место во Серија А

Фиорентина беше на прагот на голема победа на „Меаца“, но Интер по којзнае кој пат покажа дека има девет животи - шампионот постигна два гола во судиското продолжение, славеше со резултат 2:1 и се врати на првото место во Серија А

Прегледи:

Датум:

Фиорентина беше на прагот на голема победа на „Меаца“, но Интер по којзнае кој пат покажа дека има девет животи – шампионот постигна два гола во судиското продолжение, славеше со резултат 2:1 и се врати на првото место во Серија А.

Екипата на Кристијан Киву е на врвот на табелата со 22 бода, исто колку и Лацио, но и со подобра гол-разлика.

Од друга страна, „виола“ е на 18-то место по 8-то коло со само четири бода.

Интер пропушти добри шанси во првото полувреме преку Тирам и Еспозито, а потоа во 65-тата минута дојде студен туш за домаќините. Хименез го погоди голот на Интер со топовски удар од далечина.

Потоа „нероазурите“ фрлија сè во напад, Аугусто ја погоди пречката, а кога се чинеше дека Интер ќе го претрпи првиот пораз во првенството, дојде до пресврт.

Тирам израмни со гол во 91-та минута од натпреварот, но кратко по ударот со глава на Лавели, топката го погоди противничкиот играч во раката во шеснаесетникот.

Зиелински беше сигурен од пенал за конечни 2:1.

Standings provided by Sofascore

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

🎥 Хорор филм во „Театар на соништата“, на Карик му нема спас

Фудбалерите на Борнмут убедливо го надиграа и го победија...

Претседателот на Грчката кошаркарска федерација поднесе оставка

Претседателот на Грчката кошаркарска федерација, Вангелис Лиолиос, поднесе оставка...

Медведев ја освои 25-тата титула во кариерата

Русинот Данил Медведев го победи Грузиецот Николај Басилашвили во...