Израелската фудбалска репрезентација беше поразена од Ирска со 3-0 синоќа во натпревар кој беше во центарот на вниманието уште пред почетокот. Покрај резултатите на теренот, натпреварот беше обележан и со бројни тензии меѓу двата тима.
За време на натпреварот, израелските играчи се пожалија кај судијата Харм Осмерс за однесувањето на некои ирски играчи. Според израелските медиуми, играчот на Вест Бромвич Албион, Џејсон Молумби, наводно ги навредил израелските играчи, а според овие тврдења, го нарекол Елиел Перец „мајмун“.
Ова предизвикало вербален конфликт меѓу Молумби и Перец, играч на Хапоел Бер Шева. Тензиите останале високи дури и по последниот свиреж.
Непосредно пред капитенот Манор Соломон да стигне до просторијата за изјави по натпреварот, дефанзивецот на Евертон, Џејк О’Брајан, наводно извикал од соблекувалната:
„Срам да ви е за она што го правите во Газа. Заслужувавте да изгубите“.
Соломон не се воздржал и одговорил.
„Излези, биди маж. Не зборувај зад ѕид. Штета што натпреварот не се играше во Израел, ќе разбереш која земја е најдобра во светот.“
Ситуацијата можела да ескалира повеќе во еден момент, но наводно ја смириле обезбедувањето и Шломи Барзел, шеф на прес-службата на Израелската фудбалска асоцијација, кој бил присутен на местото на настанот.
פרטים חדשים מהעימות בין סולומון לאירי > https://t.co/W5VKnb030v pic.twitter.com/OV7d7NO9om
— Sport5 (@sport5il) September 28, 2026
„Манор кажа што мислиме без страв, без да се тресе“, изјави израелската делегација потоа.
Протестите против израелскиот тим продолжија за време на вчерашниот натпревар. Сите членови на ирската репрезентација носеа црни ленти на ракавиците, а според Израелскиот спортски канал, играчите ги спуштаа главите секој пат кога членови на израелската делегација ќе поминеа покрај нив.
По натпреварот, следеше уште еден потег што покажа колку се напнати односите меѓу двата тима.
Според Спортскиот канал, израелските играчи одбија да разменуваат дресови со ирските играчи. Во исто време, членовите на ирската репрезентација не разменија дресови со своите противници, што е вообичаено пракса по меѓународните натпревари.
Патем, Ирците заслужено го победија Израел со 3-0, а покрај гореспоменатиот Мојлан, голови постигнаа и Трој Парот и Адам Идах.


