За прв пат по 18 години, Роналдо остана на клупата во натпревар на Португалија

По важната победа на неговиот тим над Норвешка во Осло (2:1) во Лигата на нациите, селекторот на фудбалската репрезентација на Португалија, Жорже Жесус, голем дел од својата прес-конференција му посвети на Кристијано Роналдо, кој ги помина сите 90 минути на клупата

Прегледи:

Датум:

По важната победа на неговиот тим над Норвешка во Осло (2:1) во Лигата на нациите, селекторот на фудбалската репрезентација на Португалија, Жорже Жесус, голем дел од својата прес-конференција му посвети на Кристијано Роналдо, кој ги помина сите 90 минути на клупата.

Напаѓачот на Ал Наср беше редовен во португалската репрезентација до сега, но синоќа на натпреварот против Норвешка се случи нешто незамисливо.

Имено, Роналдо го помина целиот натпревар на клупата за прв пат од 15 јуни 2008 година и натпреварот од третото коло на Евро 2008 против Швајцарија.

Потценување е да се каже дека Роналдо не беше задоволен што не влезе во играта и не го запиша својот 235-ти настап за Португалија.

Видливо незадоволниот Кристијано го чекаше крајот на натпреварот покрај клупата, и додека неговите соиграчи ја славеа победата со навивачите, тој не им се придружи и отиде во соблекувалната.

„Кристијано не играше бидејќи играта одеше во поинаква насока. Планирав да го пуштам во второто полувреме, но проценив дека не е вистинскиот момент. Секако, тоа не значи дека нема да игра против Данска. Денес направив четири измени, а на следниот натпревар можеби ќе направам четири или пет“, рече Жесус.

Новинарите ја искористија можноста да го прашаат тренерот зошто Роналдо не им се придружи на соиграчите во поздравувањето на навивачите по последниот свиреж.

„Искрено, вие го кажувате тоа и јас ви верувам, но јас не го забележав. Само тој може да одговори на тоа прашање. Сè уште сметам на него максимално, без оглед на фактот дека денес не доби никаква минутажа“, беше јасен португалскиот стручњак.

Жесус ги откри и деталите од нивниот разговор пред натпреварот во Осло.

„Пред натпреварот му реков: „Нема да започнеш, но ќе влезеш во игра за време на натпреварот“. Сепак, фудбалот е непредвидлив. Мислев дека во тој момент нема смисла да се пупшти во игра напаѓач со неговите карактеристики, но тоа не ја исклучува можноста тој да започне против Данска“, објасни тренерот.

Конечно, тој потврди дека ќе разговара директно со Роналдо за целата ситуација.

„Секако дека ќе разговарам со него, го познавам многу добро. Националната репрезентација не е исто што и клубот. Сите сме едно, а тој е капитен на овој тим. Не можам да кажам во моментов што му поминувало низ глава, тоа ќе го знам само по нашиот разговор“, заклучи Хесус.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Ван Дајк откри што било најпроблематично во натпреварот против Србија

Холандија ја победи Србија со 2-1 во Белград во...

Манчини пред мечот со Турција: „Не очекувам големи промени…“

Роберто Манчини беше искрен за моменталната состојба на италијанскиот...