Карлик Џонс најкорисен играч на 1. коло од Евролигата

Кошаркарот на Партизан, Карлик Џонс, е најкорисен играч (MVP) на првото коло од Евролигата, објави веб-страницата на натпреварувањето.

Прегледи:

Датум:

Кошаркарот на Партизан, Карлик Џонс, е најкорисен играч (MVP) на првото коло од Евролигата, објави веб-страницата на натпреварувањето.

Јужносуданскиот интернационалец го предводеше својот тим до победа од 92:76 над Олимпија Милано. Запиша „дабл-дабл“ од 20 поени и 10 асистенции за 27 минути на теренот. Имаше четири скока, со 6/11 шут од поле.

Ова му донесе индекс на корисност од 33, и со тоа ја освои наградата за најдобар играч на колото во Евролигата по трет пат во кариерата.

Кошаркарот на Хапоел, Даниел Отуру, имаше индекс од 32 во победата над Баерн. Тој постигна 20 поени и 12 скока, со 10/11 шут од поле.

Двејн Бејкон од Дубаи постигна индекс од 31 во триумфот над Реал.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Адидас нема да произведува топки за Лигата на шампионите, започнува нова ера со Најк

Американската компанија Најк ќе биде официјален снабдувач на топки...

Арсенал и Деклан Рајс се согласија за нов договор

Арсенал постигна согласност со една од нивните големи ѕвезди...

Лига на нации: Ноќ за паметење за Германија, кошмар за Шкотска

Вечерва беа одиграни натпреварите од последното коло во групната...

Шест од шест: Македонија потона и против Словенија, Седлоски ја заврши Лигата на нации без бод!

Македонската фудбалска репрезентација го запиша и шестиот пораз во...