Репрезентативецот Бошалески стана „металец“

Македонскиот репрезентативец Петар Бошалески (22 години, 197 см) е најновото засилување на МЗТ Скопје во пресрет на новата сезона, откако денеска официјално стави потпис на договор со клубот од Аеродром.

Прегледи:

Датум:

Македонскиот репрезентативец Петар Бошалески (22 години, 197 см) е најновото засилување на МЗТ Скопје во пресрет на новата сезона, откако денеска официјално стави потпис на договор со клубот од Аеродром.

Станува збор за талентиран бек-шутер, кој откако ги мина сите младински национални селекции, летово ги одигра и првите два натпревари во дресот на сениорската репрезентација на Македонија, во првата фаза од претквалификациите за ЕП 2029.

Охриѓанецот своите настапи во домашната Суперлига ги почна како кошаркар на Работнички, по што направи трансфер во Пелистер, а минатата сезона ја мина во дресот на Тиквеш. На 27 натпревари бележеше просек од 12,4 поени, 5,6 скока и две асистенции, со што го привлече вниманието и заслужи место во сениорската репрезентација.

Бошалески е третото домашно засилување на МЗТ Скопје за новата сезона, по повратниците Лука Стојановски и Никола Василевски.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тото Волф потврди голема надградба на болидот на Мерцедес

Шефот на Мерцедес во Формула 1, Тото Волф, објави...

Меси доби титула „Доктор хонорис кауза“

Универзитетот во Буенос Аирес (УБА) го објави доделувањето на...

Зидан 20 години по ударот со глава на Матераци: Не сум горд на тоа, но е дел од моето патување

Две децении по незаборавното финале на Светското првенство во...

Британскиот премиер би бил „многу загрижен“ ако сопствениците на Манчестер Сити си заминат

Британскиот премиер Енди Бернам изјави дека би бил „многу...