Мареј ги негираше тврдењата дека заработувал 100.000 долари неделно додека работел со Ѓоковиќ

Енди Мареј остро ги негираше тврдењата дека заработувал 100.000 долари неделно додека работел со Новак Ѓоковиќ

Прегледи:

Датум:

Енди Мареј остро ги негираше тврдењата дека заработувал 100.000 долари неделно додека работел со Новак Ѓоковиќ. Поранешниот број еден неодамна се врати на тренерската работа и се приклучи на тимот на Џек Дрејпер за сезоната на тревна подлога, а веднаш потоа се појавија информации за наводните огромни суми што му биле исплатени додека работел со Ѓоковиќ.

На социјалните мрежи беше објавено дека Мареј добивал 100.000 долари неделно од Новак, цитирајќи го францускиот новинар Фредерик Вердие.

Шкотланѓанецот не чекаше долго да реагира.

„Прочитав неколку лаги низ годините, но оваа дефинитивно е во првите 5“, напиша Мареј во коментар под објавата.

Мареј ја започна својата тренерска кариера во ноември 2024 година, кога се приклучи на тимот на Ѓоковиќ во соработка што привлече огромно внимание од тениската јавност.

Сепак, нивната заедничка работа траеше само шест месеци, а Мареј сега е со Дрејпер, кој се обидува да се врати во форма пред Вимблдон по проблемите со повредата на коленото.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

ESPN го прогласи Јокиќ за најкорисен играч на НБА трета година по ред

Никола Јокиќ од Денвер е прогласен за играч број...

Макаби „завери“ клучен играч – Соркин ќе добива 1.500.000 по сезона

Макаби Тел Авив е подготвен да го задржи Роман...

Џошуа по објавувањето на борбата со Фјури: Инспирирам цела генерација

Поранешниот светски шампион во тешка категорија Ентони Џошуа го...

Штабот на Фјури со детали за допинг тестовите пред борбата со Џошуа

Менаџерот Спенсер Браун вели дека контактирал со Доброволното антидопинг...