📹 Алварез јавно објави дека не сака да игра за Атлетико

Хулијан Алварез, напаѓач на Атлетико Мадрид и аргентинската репрезентација, јавно поднесе барање за трансфер откако „гаучосите“ го освоија натпреварот на Светското првенство против Австрија (2:0)

Прегледи:

Датум:

Хулијан Алварез, напаѓач на Атлетико Мадрид и аргентинската репрезентација, јавно поднесе барање за трансфер откако „гаучосите“ го освоија натпреварот на Светското првенство против Австрија (2:0).

Алварез во минатото беше поврзуван со Реал Мадрид и Барселона, но и со Пари Сен Жермен.

„Кралскиот клуб“ е единствениот што досега испрати официјална понуда, но 150 милиони беа одбиени.

„Разговарав со луѓе од клубот и најдоброто за сите е трансферот да се реализира. Сакам да го остварам мојот сон. Не е време да зборувам за тоа, но не можам ни да го кријам. Се обидувам да бидам искрен“, рече Алварез.

Не е познато колку „јорганџиите“ бараат за играчот за кого платија 95 милиони евра на Манчестер Сити пред две години.

„Не знам кога ќе се реши“, заклучи Алварез.

Аргентинецот моментално се опоравува од повреда на глуждот, а започна од клупата во првите два натпревари на Светското првенство.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Адидас нема да произведува топки за Лигата на шампионите, започнува нова ера со Најк

Американската компанија Најк ќе биде официјален снабдувач на топки...

Арсенал и Деклан Рајс се согласија за нов договор

Арсенал постигна согласност со една од нивните големи ѕвезди...

Лига на нации: Ноќ за паметење за Германија, кошмар за Шкотска

Вечерва беа одиграни натпреварите од последното коло во групната...

Шест од шест: Македонија потона и против Словенија, Седлоски ја заврши Лигата на нации без бод!

Македонската фудбалска репрезентација го запиша и шестиот пораз во...