Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Маурисио Покетино, изјави дека не се двоумел кога го добил повикот од Јунајтед. Покетино денес беше назначен за менаџер на „црвените ѓаволи“, откако одлучи да ја напушти функцијата тренер на американската репрезентација.
Аргентинецот потпиша договор од две и пол години и официјално ќе го преземе тимот на 18 ноември, четири дена пред натпреварот на гости против Ливерпул.
Се соочува со тешка работа, бидејќи Јунајтед е во зоната за испаѓање по 10 натпревари, на 18-то место во Премиер лигата.
„Познато е дека во кариерата нема многу можности како онаа да се води клуб како Манчестер Јунајтед. Кога ќе се појави таква можност, тешко е да се одбие“, рече Покетино на емотивна прес-конференција во тренинг кампот на американската репрезентација.
Аргентинецот низ солзи рече дека му е многу жал што ги напушта Американците.
Mauricio Pochettino was emotional saying goodbye to the U.S. but saw an opportunity he couldn’t turn down in Man Utd 🧳 https://t.co/bYVrLm9k5b
— B/R Football (@brfootball) November 13, 2026
„Ова е една од најтешките одлуки во нашите кариери. Во извесна смисла, тоа е многу тажна одлука, но ние сме професионалци и мора да се обидеме да го направиме следниот чекор и да ги оствариме нашите соништа“, рече Покетино.
Тој ќе ја предводи репрезентацијата на САД во четвртфиналето на Лигата на нации на КОНКАКАФ против Хаити, кое е закажано за сабота и вторник.
„Повторно пронајдовме мотивација. Ја вративме способноста да сонуваме на големо, да работиме со играчи кои сакаат да се подобрат, да споделуваат добри моменти и кои навистина се грижат за федерацијата и оваа земја“, рече аргентинскиот стручњак.
Покетино ја презеде репрезентацијата на САД на есен 2024 година и ја предводеше на овогодинешното Светско првенство, каде што Американците беа елиминирани во осминафиналето од Белгија.


