Шпанците уверени: Финалето на СП 2030 ќе се игра на „Бернабеу“

Светското првенство во 2030 година ќе се игра во Шпанија, Португалија и Мароко, но многу контроверзии предизвикува фактот што Светската куќа на фудбалот (ФИФА) сè уште не утврдила каде ќе се игра големото финале

Прегледи:

Датум:

Светското првенство во 2030 година ќе се игра во Шпанија, Португалија и Мароко, но многу контроверзии предизвикува фактот што Светската куќа на фудбалот (ФИФА) сè уште не утврдила каде ќе се игра големото финале.

Шпанците беа убедени уште во 2023 година дека финалето ќе се игра во нивната земја, на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид. Во меѓувреме, Мароко го направи првиот чекор битката за титулата да се игра на новиот стадион „Хасан II“ во близина на Казабланка, кој ќе има капацитет од 115.000 седишта.

Реал Мадрид денес беше домаќин на делегација на ФИФА, а според шпанскиот печат, тие имаат „многу позитивни впечатоци“ не само за стадионот, туку и за неговата придружна инфраструктура, во однос на транспортот, сместувањето, безбедноста и медицинските услуги. Во овој поглед, Шпанската фудбалска федерација го повтори својот став дека не може да замисли финалето на Светското првенство да не се одржи на шпанска почва.

ФИФА ќе продолжи да споредува проекти пред да одлучи каде ќе се игра турнирот на 21 јули 2030 година. Мадрид (Сантијаго Бернабеу), Барселона (Камп Ноу) и Казабланка (Хасан II) се главните кандидати.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Македонија конечно се израдува на гол, но поразите продолжуваат: Седлоски и натаму без победа!

Македонската фудбалска репрезентација повторно си заминува со наведнати глави,...

📸 Новиот грандиозен имот на Леброн Џејмс е речиси завршен

Пред три години, 41-годишниот американски кошаркар сруши куќа од...

Ѕвездата на Пеликанс бара размена!

Дежонте Мареј сака да ги напушти Њу Орлеанс Пеликанс!...