🎥Фановите на Атлетико почнаа да ги палат дресовите на Хулиан Алварез

Сагата околу трансферот на напаѓачот на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварез во Барселона трае со денови. Алварез веќе изјави дека сака да оди во Каталонија во потрага по нови предизвици

Прегледи:

Датум:

Сагата околу трансферот на напаѓачот на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварез во Барселона трае со денови. Алварез веќе изјави дека сака да оди во Каталонија во потрага по нови предизвици.

Сепак, и покрај богатата понуда од Барселона, челниците на Атлетико дури и не сакаат да слушнат за тоа. Хулијан е врзан со договор со црвено-белите и затоа бараат неверојатни 500.000.000 евра за неговото заминување.

Иако клубот нема да го пушти, навивачите самата желба на Алварез ја сметаа за предавство. Поради ова, најстрасните поддржувачи на „јорганџиите“ веќе почнаа да палат дресови со бројот 19, кој го носи аргентинскиот напаѓач.

Без разлика дали ќе си замине или ќе остане, односот меѓу навивачите на Атлетико и Алварез никогаш повеќе нема да биде ист. Можеби би било најдобро за двете страни ако Хулијан го замени главниот град на Шпанија со Каталонија.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо требало да го наследи Сер Алекс во Манчестер Јунајтед во 2013 година

Жозе Мурињо откри дека потпишал договор за да го...

Колку пари всушност ќе добие Јокиќ кога ќе го потпише најбогатиот договор со Денвер?

Кога новиот договор на Никола Јокиќ вреден неверојатни 359,5...

Астон Вила се вклучува во трката за Ендрик

Астон Вила е на пат да стане сериозен ривал...

Мурињо нема да плаче за Родри

Жозе Мурињо е среќен човек. Причината е што го...