ДиВејн Стјуард Јуниор е новиот македонски кошаркарски репрезентативец

Американскиот кошаркар ДиВејн Стјуард Јуниор ќе биде новиот натурализиран играч на националниот тим. Роден на 28. јули 1999 година во Мисисипи, САД, Стјуарт е висок 198 сантиметри и настапува на бековските позиции

Прегледи:

Датум:

Американскиот кошаркар ДиВејн Стјуард Јуниор ќе биде новиот натурализиран играч на националниот тим. Роден на 28. јули 1999 година во Мисисипи, САД, Стјуарт е висок 198 сантиметри и настапува на бековските позиции.

Неговата кошаркарска приказна започнува во НЦАА лигата, каде го носеше дресот на Мисисипи Стејт Булдогс, еден од познатите универзитетски програми во САД.

Во колеџ периодот се профилираше како еден од најдобрите играчи на својот тим. Во сезоната 2020/2021 беше лидер на Мисисипи Стејт, со просек од 16 поени, 3,4 скока и 3,1 асистенција по натпревар, покажувајќи квалитети како реализатор, но и кошаркар кој може да креира за соиграчите.

Неговите настапи му донесоа признание и место меѓу најдобрите играчи во силната SEC конференција.

По завршувањето на колеџ кариерата, Стјуарт го направи следниот чекор кон професионалната кошарка.

Беше дел од НБА развојната лига, каде настапуваше за Сиукс Фолс Скајфорс и Остин Спарс, собирајќи искуство во системот кој е директно поврзан со најсилната кошаркарска лига во светот.

Европскиот предизвик го донесе во редовите на Цедевита Олимпија, каде се адаптираше на поинаков стил на игра и ја продолжи кариерата на високо ниво.

Со пристигнувањето на Ди-Џеј Стјуард Јуниор, Македонија добива нов натурализиран репрезентативец, кошаркар со НЦАА, развојно НБА и европско искуство, од кого се очекува да биде важна алка во новиот циклус на сениорскиот национален тим.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

ESPN го прогласи Јокиќ за најкорисен играч на НБА трета година по ред

Никола Јокиќ од Денвер е прогласен за играч број...

Макаби „завери“ клучен играч – Соркин ќе добива 1.500.000 по сезона

Макаби Тел Авив е подготвен да го задржи Роман...

Џошуа по објавувањето на борбата со Фјури: Инспирирам цела генерација

Поранешниот светски шампион во тешка категорија Ентони Џошуа го...

Штабот на Фјури со детали за допинг тестовите пред борбата со Џошуа

Менаџерот Спенсер Браун вели дека контактирал со Доброволното антидопинг...