Мбапе по триумфот во „Ел Класико“: Испративме добра порака, мојот рекорд не е важен

Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, го изрази своето задоволство од победата над Барселона во „Ел Класико“ и достигнувањето на границата од 100 гола со „белите“

Прегледи:

Датум:

Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, го изрази своето задоволство од победата над Барселона во „Ел Класико“ и достигнувањето на границата од 100 гола со „белите“. Сепак, француската ѕвезда нагласи дека неговото лично достигнување е ставено во втор план во однос на успехот на тимот, повикувајќи ги своите соиграчи да не се опуштаат по нивната петта последователна победа.

„Многу сум среќен. Мислам дека сите знаат колку сакам да постигнувам голови и да му помагам на тимот на овој начин. Но, денес тоа е само детаљ, бидејќи најважно е победата. Мислам дека овој успех ќе му даде многу самодоверба на целиот тим. А што се однесува до головите, верувам дека ќе постигнам уште многу“, рече Мбапе.

Французинот нагласи дека победничката серија не треба да води кон самодоволство.

„Пет победи не значат ништо за Реал Мадрид. Мора да продолжиме затоа што сакаме да победуваме на секој натпревар. Денес испративме добра порака, но не треба да мислиме дека сезоната е завршена. Следната недела во Сантандер мора да покажеме ист интензитет“, беше категоричен напаѓачот.

Мбапе, исто така, му оддаде признание на колективниот настап на Реал во дербито.

„Вистината е дека главниот лик денес е тимот. Знаевме дека мора да играме машка игра и да се однесуваме како еден. Се подготвивме добро затоа што во последните натпревари победивме, игравме напорно и покажавме правилен менталитет. Денес дадовме сè што можевме. Имавме тешки моменти, но и периоди во кои доминиравме. На крајот на краиштата, тоа е голема победа, но носи само три бода, а за да ја освоиме титулата мора да собереме уште многу“, додаде тој.

„Ако сакаме да ги постигнеме нашите цели оваа сезона, мора да го направиме тоа заедно. Има многу квалитет во овој тим. Секој што вели поинаку лаже. Но, само ако дејствуваме како тим ќе ги освоиме трофеите кон кои се стремиме“, заклучи Мбапе.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Кансело: Бевме подобри, но Реал Мадрид може да ја искористи секоја грешка

Реал Мадрид го напушти Камп Ноу со победа, победувајќи...

Флик: Ни недостасуваше свежина, не сум среќен

Поразот од 1-2 од Реал Мадрид во „Ел Класико“...

📸 Винисиус привлече внимание со објава по „Ел Класико“

Винисиус Жуниор не ја пропушти можноста да ја прослави...

Мурињо: Одлична игра и голема победа, но VAR спиеше

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, изрази задоволство од...