Валенсија ја искористи опцијата за продолжување на договорот за Столе Димитриевски за уште две сезони, што значи дека македонскиот голман ќе остане поврзан со клубот до јуни 2028 година, стои во официјалното соопштение на клубот.
Откако се приклучи во 2024 година, Димитриевски одигра вкупно 33 официјални натпревари носејќи го дресот на Валенсија во Ла Лига и Кралскиот Куп.
„Неговото искуство и цврстина меѓу стативите придонесоа за конкурентскиот раст на тимот и подобрените резултати во втората половина од минатата сезона, одржувајќи пет натпревари без примен гол, што резултираше со пет победи (Хетафе, Леванте, Осасуна, Севиља и Атлетик Клуб)“, велат од шпанскиот клуб.
Со ова продолжување на договорот, Валенсија го обезбедува континуитетот на 32-годишниот голман, кој, по завршувањето на Ла Лига, одигра два пријателски натпревари против Босна и Херцеговина и Турција со својата репрезентација и ќе се врати на тренинзите со своите соиграчи по одморот.


