🎥Фановите на Атлетико почнаа да ги палат дресовите на Хулиан Алварез

Сагата околу трансферот на напаѓачот на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварез во Барселона трае со денови. Алварез веќе изјави дека сака да оди во Каталонија во потрага по нови предизвици

Прегледи:

Датум:

Сагата околу трансферот на напаѓачот на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварез во Барселона трае со денови. Алварез веќе изјави дека сака да оди во Каталонија во потрага по нови предизвици.

Сепак, и покрај богатата понуда од Барселона, челниците на Атлетико дури и не сакаат да слушнат за тоа. Хулијан е врзан со договор со црвено-белите и затоа бараат неверојатни 500.000.000 евра за неговото заминување.

Иако клубот нема да го пушти, навивачите самата желба на Алварез ја сметаа за предавство. Поради ова, најстрасните поддржувачи на „јорганџиите“ веќе почнаа да палат дресови со бројот 19, кој го носи аргентинскиот напаѓач.

Без разлика дали ќе си замине или ќе остане, односот меѓу навивачите на Атлетико и Алварез никогаш повеќе нема да биде ист. Можеби би било најдобро за двете страни ако Хулијан го замени главниот град на Шпанија со Каталонија.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мбапе: Не размислувам за головите, туку за тоа како да му помогнам на тимот

Килијан Мбапе постигна два гола во победата од 3-0...

НБА без сојузници, Реал останува во Евролигата

Кога се појави приказната, сите веднаш помисливме дека Евролигата...

Арсенал го сака напаѓачот на Астон Вила за 116.000.000 евра

Фудбалскиот пазар сè уште не го достигнал врвот на...

Солбакен: „Полесно е да се освои Златната копачка кога играш за Франција и Аргентина“

Норвешка направи голем чекор кон нокаут фазата со возбудливата...