Лукаку втор фудбалер во историјата по вкупната вредност на трансферите

Ромелу Лукаку испиша уште една интересна страница во фудбалската историја

Прегледи:

Датум:

Ромелу Лукаку испиша уште една интересна страница во фудбалската историја. По трансферот од Наполи во Фенербахче, белгискиот напаѓач стана втор фудбалер на сите времиња по вкупната вредност на исплатената отштета за неговите трансфери.

Според италијанскиот портал TuttomercatoWeb, Лукаку генерирал повеќе од 376 милиони евра отштета преку 10 трансфери и позајмици. Само Бразилецот Нејмар е пред него, за чии трансфери се платени вкупно 400 милиони евра.

Трансфер патувањето на Лукаку започна во 2011 година, кога Андерлехт го продаде тинејџерот на Челси за околу 15 милиони евра. Трансфери во Евертон (38,86 милиони евра), Манчестер Јунајтед (84,7), Интер (74), повторно Челси (113), Интер (7,86), Рома (5,8), Наполи (30), а сега и Фенербахче (7).

Неговиот трансфер од Интер во Челси во 2021 година, вреден 113 милиони евра, зазема посебно место на таа листа, што е воедно и најголемата поединечна компензација во кариерата на Лукаку.

Интересно е што Лукаку ги остави зад себе и некои од најголемите фудбалски ѕвезди на денешницата. На листата, меѓу другите, се наоѓаат Александар Исак, Усман Дембеле, Алваро Мората, Жоао Феликс и Антоан Гризман.

Малку фудбалери во историјата ги „полнеле касите“ на клубовите со своите трансфери толку пати како Ромелу Лукаку.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Македонија конечно се израдува на гол, но поразите продолжуваат: Седлоски и натаму без победа!

Македонската фудбалска репрезентација повторно си заминува со наведнати глави,...

📸 Новиот грандиозен имот на Леброн Џејмс е речиси завршен

Пред три години, 41-годишниот американски кошаркар сруши куќа од...

Ѕвездата на Пеликанс бара размена!

Дежонте Мареј сака да ги напушти Њу Орлеанс Пеликанс!...