Роналдо: Не знам дали Меси е подобар од Марадона…

Го прогласи Меси за најдобар на сите времиња? Или не е? Легендарниот бразилски напаѓач Роналдо Назарио Луис да Лима сега го сместува Меси во топ 5, но...

Прегледи:

Датум:

Го прогласи Меси за најдобар на сите времиња? Или не е? Легендарниот бразилски напаѓач Роналдо Назарио Луис да Лима сега го сместува Меси во топ 5, но…

По вестите од пред неколку дена, во интервју со исто така познатиот Ромарио, „феномеот“ сега вели: „За мене, Меси е меѓу петте најдобри фудбалери во историјата на светскиот фудбал. И секогаш ќе биде“.

Бразилецот потоа ги наведе играчите кои, според него, се во потесниот список.

„Пеле, Марадона, Меси… Ти (Ромарио), Кристијано… Има и други луѓе кои би можеле да бидат таму“.

Ромарио се обиде да го вклучи Роналдо меѓу најголемите, но поранешниот напаѓач на Барселона, Интер, Реал и Милан одби да зборува за себе:

„Ќе се изоставам себеси, за да биде полесно“.

Ромарио потоа истакна дека Роналдо дефинитивно треба да биде во таа група, особено ако се погледнат централните напаѓачи.

„Кој централен напаѓач беше подобар од нас двајца? Тие не беа централни напаѓачи како нас“, рече Ромарио.

Роналдо верува дека е невозможно да се избере најдобриот без јасно дефинирани критериуми.

„Треба да најдеме некои критериуми за воопшто да водиме таква дискусија. Како можете да изберете некого без јасни критериуми како најдобар во историјата? Дали е тоа оној што постигнал најмногу голови? Голови со десна нога? Голови со лева нога? Не може така да биде.“

Конечно, тој се врати на споредбата помеѓу Меси и Марадона.

„Исто така, го гледавме Марадона многу пати. Меси е неверојатен, брилијантен, фантастичен. Но, не знам дали беше подобар од Марадона“, заклучи Роналдо.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📊 Статистиката вели: Никој не е толку влијателен како Нејмар

Нејмар играше за Бразил за прв пат по речиси...

Богдановски госмени Вардар со Бутел

Чуварот на мрежата Марко Богдановски во наредните две сезони...

Историски успех за Македонија – Ѓорческа се пласира на главниот турнир на Вимблдон

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира...

Мадибо доби само 5 натпревари казна поради кршењето на ногата на Коне

Катарскиот репрезентативец Асим Мадибо е суспендиран на пет натпревари...