Хамилтон: Ферари може да победи со стратегија

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, ги коментираше шансите на Ферари во борбата за победа на Австриското Гран При утре.

Прегледи:

Датум:

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, ги коментираше шансите на Ферари во борбата за победа на Австриското Гран При утре.

„Можеме ли да се бориме за победа – одговараше Луис на денешниот состанок со медиумите. „Во однос на тркачкото темпо – не, Мерцедес се многу брзи. Но, можеби со стратегија, постои шанса за победа. Мислам дека победата тука ќе биде тешка, па затоа треба да освоиме што е можно повеќе поени за тимот и да се обидеме да го задржиме другиот болид на Мерцедес зад нас“, изјави тој и додаде:

„Ако можеме да ги победиме двата болида на Мерцедес, тоа би било одлично.

Досега се справуваме одлично овој викенд. Вчера бевме многу зад и навистина не разбиравме зошто се случи тоа, но промените на болидот се исплатија и ја намаливме разликата.

Се надевам дека ќе бидеме во борбата за победа“.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Македонија конечно се израдува на гол, но поразите продолжуваат: Седлоски и натаму без победа!

Македонската фудбалска репрезентација повторно си заминува со наведнати глави,...

📸 Новиот грандиозен имот на Леброн Џејмс е речиси завршен

Пред три години, 41-годишниот американски кошаркар сруши куќа од...

Ѕвездата на Пеликанс бара размена!

Дежонте Мареј сака да ги напушти Њу Орлеанс Пеликанс!...