Расел ја освои пол-позицијата за Големата награда на Австрија

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, ја освои пол позицијата за Големата награда на Австрија во Формула 1, откако беше најбрз во денешната квалификациска сесија.

Прегледи:

Датум:

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, ја освои пол позицијата за Големата награда на Австрија во Формула 1, откако беше најбрз во денешната квалификациска сесија.

Расел постигна време од 1:06,113 секунди, оставајќи ги зад себе Шарл Леклер и Луис Хамилтон од Ферари. Леклер беше 0,236 секунди побавен, додека Хамилтон беше 0,295 секунди побавен.

Вториот возач на Мерцедес и лидер во генералниот пласман, Кими Антонели, го освои четвртото место, 0,301 секунда зад својот соиграч.

Првите десет ги заокружуваат Макс Верстапен од Ред Бул, Ландо Норис и Оскар Пјастрi од Мекларен, вториот возач на Ред Бул, Исак Хаxар и Лиам Лосон и Арвид Линдблад од Рејсинг Бул.

Големата награда на Австрија, осмата во сезоната, започнува утре во 15:00 часот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Македонија конечно се израдува на гол, но поразите продолжуваат: Седлоски и натаму без победа!

Македонската фудбалска репрезентација повторно си заминува со наведнати глави,...

📸 Новиот грандиозен имот на Леброн Џејмс е речиси завршен

Пред три години, 41-годишниот американски кошаркар сруши куќа од...

Ѕвездата на Пеликанс бара размена!

Дежонте Мареј сака да ги напушти Њу Орлеанс Пеликанс!...