🎥Доцна драма ја одзема радоста на Иран, но надежта останува

Прегледи:

Датум:

Египет и Иран одиграа еден од најдраматичните натпревари од почетокот на Светското првенство во 2026 година. Двете селекции завршија со резултат 1-1 во Сиетл, оставајќи ги „фараоните“ на второто место во групата „Г“, зад лидерот Белгија по гол-разлика.

Иран, од друга страна, ќе се надева дека ќе биде една од 8-те најдобри третопласирани селекции што ќе се квалификуваат за шеснаесетфиналето.

Египќаните играа без тензии, бидејќи уште пред почетокот на натпреварот разбраа дека имаат загарантирано место во фазата на директна елиминација. Поведоа со голот на Махмуд Сабер во 5-тата минута, но во 14-тата Рамин Резаејан израмни. Помеѓу двата гола, Мехди Тареми промаши пенал за Персијците.

Имаше многу шанси и во второто полувреме. Во продолжението, Шоџа Хализадех ја испрати топката во голот на Египет и Иранците веќе беа се понадеваа дека ќе се пласираат во следната фаза, но голот беше поништен по интервенцијата на ВАР поради офсајд, а тимот на Амир Галеноеи ќе мора да ги почека сите натпревари од третото коло во групите за да дознае дали ќе продолжи понатаму.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Македонија конечно се израдува на гол, но поразите продолжуваат: Седлоски и натаму без победа!

Македонската фудбалска репрезентација повторно си заминува со наведнати глави,...

📸 Новиот грандиозен имот на Леброн Џејмс е речиси завршен

Пред три години, 41-годишниот американски кошаркар сруши куќа од...

Ѕвездата на Пеликанс бара размена!

Дежонте Мареј сака да ги напушти Њу Орлеанс Пеликанс!...