Иранска ѕвезда ги нападна ФИФА и Инфантино: „Ова е катастрофално Светско првенство“

Иран ремизираше 1-1 против Египет во последното коло од групата и сега мора да почека исходот од преостанатите натпревари за да открие дали ќе се квалификуваат во нокаут фазата на Светското првенство

Прегледи:

Датум:

Иран ремизираше 1-1 против Египет во последното коло од групата и сега мора да почека исходот од преостанатите натпревари за да открие дали ќе се квалификуваат во нокаут фазата на Светското првенство.

Иранците беа оставени во неизвесност по тој резултат, а особено беа повредени од крајот на натпреварот во кој нивниот гол беше поништен поради офсајд во судиското продолжение.

Мехди Тареми беше многу суров по натпреварот. Еден од најпознатите фудбалери на Иран не само што зборуваше за натпреварот, туку отворено ја нападна организацијата на турнирот и ФИФА. Иран имаше големи логистички проблеми за време на групната фаза, а Тареми изјави дека националниот тим ги немал сите членови на техничкиот и логистичкиот персонал бидејќи некои не добиле визи.

„Ова е катастрофално Светско првенство. Катастрофа. Мислам, ФИФА мора да го реши секој проблем тука, но за жал не успеаја да ги решат од самиот почеток. Господинот Инфантино дојде во нашата соблекувална по првиот натпревар против Нов Зеланд и рече: „Ова е само почеток…“, но групната фаза завршува утре“, рече Тареми.

Иранскиот напаѓач особено се пожали на патувањето и фактот дека неговиот тим, според него, морал постојано да патува од Тихуана. Тој нагласи дека нема ништо против Мексико или луѓето во Тихуана, но верува дека таквите услови не се соодветни за професионално натпреварување на највисоко ниво.

„Немаме наши луѓе задолжени за логистика, тие немаат визи. Како е можно постојано да мора да патуваме од Тихуана? Ги сакаме луѓето во Тихуана. Го сакаме Мексико. Тие се скромни луѓе и ние ги сакаме, но како професионален играч во професионално натпреварување, тоа не е во ред.“

По ремито со Египет, Иран беше оставен во ситуација каде што повеќе не зависи само од себе. За да се пласира меѓу првите третопласирани екипи, му требаат поволни резултати од другите групи, што дополнително ја зголеми фрустрацијата во иранскиот табор.

Тареми продолжи со многу остар тон и рече дека неговиот тим се чувствувал оставен сам на себе: „Не е фер. Нашето мислење е дека не е фер. Дали е фер кон ФИФА? Во ред, во ред за нив. Но, не е фер. Кој сака да ни помогне? Ако сакаат да бидеме елиминирани, тогаш во ред, ајде да бидеме елиминирани. Но, не е фер. Немаме луѓе за опоравување ниту логистика да ни помогне. Постојано се жалиме за овие работи, но никој не помага. Никој.“

Тареми, сепак, верува дека проблемот не е само спортски. Според него, Иран имал услови на овој турнир кои не биле еднакви со другите.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мајк Џејмс ја тужи Барселона!

Барселона сака да стави крај на лошите одлуки, а...

„Не знам што направи нашиот народ за да го заслужи ова“, рече низ солзи ѕвездата на Иран

По драматичното реми 1-1 против Египет, местото на Иран...

Важен играч на Њујорк Никс останува кај шампионите

Бекот Хозе Алварадо ќе потпише нов договор со Њујорк...

Расел: Мекларен е вистинска закана во Австрија

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, го нарече Мекларен „вистинска...