Руди Гарсија по 5:1 над Нов Зеланд: Сè уште не сме освоиле ништо

Селекторот на белгиската репрезентација, Руди Гарсија, ги повика своите играчи да останат смирени бидејќи сè уште не освоиле ништо, само ја поминале групната фаза на Светското првенство. „Црвените ѓаволи“ го победија Нов Зеланд со 5-1 и завршија на врвот во Групата Г на Северноамериканскиот турнир

Прегледи:

Датум:

Селекторот на белгиската репрезентација, Руди Гарсија, ги повика своите играчи да останат смирени бидејќи сè уште не освоиле ништо, само ја поминале групната фаза на Светското првенство. „Црвените ѓаволи“ го победија Нов Зеланд со 5-1 и завршија на врвот во Групата Г на Северноамериканскиот турнир.

„Сè уште не сме освоиле ништо, но поминавме во следната фаза, фала му на Бога што имавме четири гола разлика и тоа ни даде можност да бидеме први. Се развиваме и добиваме моментум, а тоа е добро. Ќе видиме против кого ќе играме во осминафиналето, но ќе уживаме во оваа прва победа“, изјави Гарсија за медиумите.

Напаѓачот Ромелу Лукаку беше оставен на клупата, додека крилниот напаѓач Џереми Доку се врати во почетниот состав откако се опорави од болест и кратко отсуство по раѓањето на неговиот син.

На прашањето дали критиките кон поискусните играчи во тимот се мотивација, Гарсија одговори: „Не, не сум го прочитал тоа, но тоа не е извор на мотивација во Франција или Белгија“.

Стручњакот е категоричен дека има доверба во своите играчи.

„Верувам во нив и затоа мојот тим е таков каков што е во моментов. Имам целосна доверба во лидерите и само едно нешто можеме да направиме. Тоа всушност се случува на теренот и одговорот беше токму таму. Немам што друго да кажам“, додаде Руди Гарсија.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мајк Џејмс ја тужи Барселона!

Барселона сака да стави крај на лошите одлуки, а...

Иранска ѕвезда ги нападна ФИФА и Инфантино: „Ова е катастрофално Светско првенство“

Иран ремизираше 1-1 против Египет во последното коло од...

„Не знам што направи нашиот народ за да го заслужи ова“, рече низ солзи ѕвездата на Иран

По драматичното реми 1-1 против Египет, местото на Иран...

Важен играч на Њујорк Никс останува кај шампионите

Бекот Хозе Алварадо ќе потпише нов договор со Њујорк...