Шведска загуби еден од своите најдобри играчи

Исак Хиен, дефанзивецот на Шведска, го заврши Светското првенство поради повреда. Дефанзивецот се повреди на натпреварот против Јапонија во првото полувреме и мораше да го напушти натпреварот

Прегледи:

Датум:

Исак Хиен, дефанзивецот на Шведска, го заврши Светското првенство поради повреда. Дефанзивецот се повреди на натпреварот против Јапонија во првото полувреме и мораше да го напушти натпреварот.

Веднаш беше јасно дека не станува збор за наивна повреда, што оттогаш е потврдено. Ова ќе биде удар за Шведска, бидејќи Хиен беше столб на одбраната.

Хиен се огласи на Инстаграм и објасни дека за него Светското првенство е завршено.

„Сонот се оствари, но заврши прерано за мене. Ви благодарам на сите шведски навивачи кои ме поддржаа, навистина сте неверојатни. Голема благодарност до момците во тимот и до сите околу националниот тим, ова е едно од најубавите искуства што еден фудбалер може да ги има. На моето семејство и блиските пријатели кои секогаш се тука за мене, не можам да изразам колку сум благодарен. Напред Шведска! Ќе се вратам!“, напиша Хиен.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Македонија конечно се израдува на гол, но поразите продолжуваат: Седлоски и натаму без победа!

Македонската фудбалска репрезентација повторно си заминува со наведнати глави,...

📸 Новиот грандиозен имот на Леброн Џејмс е речиси завршен

Пред три години, 41-годишниот американски кошаркар сруши куќа од...

Ѕвездата на Пеликанс бара размена!

Дежонте Мареј сака да ги напушти Њу Орлеанс Пеликанс!...