🎥 Спенс веќе е во Милано, во очекување на потпис со Интер

Откако во средата попладне стана јасно дека Интер успеал да постигне договор за потпишување на Џед Спенс, Британецот беше забележан како пристигнува во Милано рано утрово, каде што ќе ги помине задолжителните лекарски прегледи и ќе потпише договор со шампионите на Серија А за минатата сезона

Прегледи:

Датум:

Откако во средата попладне стана јасно дека Интер успеал да постигне договор за потпишување на Џед Спенс, Британецот беше забележан како пристигнува во Милано рано утрово, каде што ќе ги помине задолжителните лекарски прегледи и ќе потпише договор со шампионите на Серија А за минатата сезона.

Фабрицио Романо, кој кон средината на неделата ја сподели веста за потпишувањето на играчот од страна на „нероазурите“, сега објави видео на својот канал на социјалната мрежа X од Спенс како излегува од автомобил и им мавта на првите навивачи и новинари кои дојдоа да го пречекаат во северна Италија.

Спенс пристигнува во Интер од Тотенхем, а според прелиминарните информации, тимот од Милано ќе „искешираат“ 35 милиони евра од својата клупска каса за договорот со Спарс.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Швјонтек го освои првиот трофеј во сезоната, Рибакина немоќна во финалето во Торонто

Полската тенисерка Ига Швјонтек го освои својот прв трофеј...

И официјално: Македонија, Србија и Словенија ќе поднесат заедничка кандидатура за ЕХФ ЕП 2034

Ракометните федерации на Македонија, Србија и Словенија официјално поднесоа...

„AS“: Реал Мадрид ја почнува новата сезона со сериозни проблеми во одбраната

Реал Мадрид влегува во новата сезона во лигата со...

Ѕвезда на Галатасарај бега од Турција поради манијак што ја прогонува неговата сопруга

Играчот на Галатасарај, Лукас Тореира, побарал од својот агент...