🎬 Влаховиќ донесе домати во Истанбул

Српскиот напаѓач, Душан Влаховиќ донесе две гајби домати, кои беа видени на аеродромот во Истанбул, а новинарот Онур Ташџиоглу објасни зошто поранешниот играч на Јувентус ги донел со себе

Прегледи:

Датум:

Српскиот напаѓач, Душан Влаховиќ донесе две гајби домати, кои беа видени на аеродромот во Истанбул, а новинарот Онур Ташџиоглу објасни зошто поранешниот играч на Јувентус ги донел со себе.

Тој изјави дека на Турците кои дојдоа во Белград на преговори им се допаднале доматите што ги јаделе во салатата додека вечерале за време на преговорите со тимот на Влаховиќ во Белград, па Влаховиќ решил да ги почасти.

Интересен и убав гест од Влаховиќ, кој наводно прифатил многу профитабилна понуда од челниците на Бешикташ – дури 10 милиони евра по сезона.

Иако не е познато колку е неговиот договор со новиот клуб, се претпоставува дека ќе трае три сезони, со можност за продолжување за уште една.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

🎬Леброн претставен во дресот на Филаделфија: Не дојдов за да бидам елиминиран во втората рунда

Леброн Џејмс се појави во дресот на Филаделфија 76ерс...

Порзингис има здравствени проблеми и не е познато кога ќе се врати во игра

Центарот на Голден Стејт Вориорс, Кристапс Порзингис, има здравствени...

Седлоски: Очекувам фудбалерите да покажат поголем квалитет и карактер на теренот

Фудбалската репрезентација на Македонија утре ја очекува вториот натпревар...

Ни требаат неколку квалитетни меча за да ја подигнеме самодовербата, изјави Димитриевски пред мечот со Словенија

Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Столе Димитриевски на...