🎬Невидена прослава на улиците во Босна: Факели, песна и тотална еуфорија

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина оствари победа вредна за злато на Светското првенство, откако го победи Катар убедливо со 3:1 во третото коло и по исходот од другите натпревари успеа да обезбеди место во нокаут фазата како една од осумте третопласирани селекции со четири освоени бода и гол разлика од минус еден (3:4).

Прегледи:

Датум:

Навивачите во Босна излегоа на улиците уште пред дефинитивно да се знае дека обезбедиле место.

Веднаш по последниот свиреж, на улиците на Сараево следеше општо лудило и невидена прослава.

Долги колони автомобили со знамиња буквално ги блокираа главните градски патишта, а градот одекнуваше од песни и звук на сирени.

Прославата беше дополнително поттикната од бројните факели од лојалните навивачи кои веруваат дека четири бода се повеќе од доволни за да се одржи фудбалската треска во Босна и Херцеговина пред јули.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Македонија конечно се израдува на гол, но поразите продолжуваат: Седлоски и натаму без победа!

Македонската фудбалска репрезентација повторно си заминува со наведнати глави,...

📸 Новиот грандиозен имот на Леброн Џејмс е речиси завршен

Пред три години, 41-годишниот американски кошаркар сруши куќа од...

Ѕвездата на Пеликанс бара размена!

Дежонте Мареј сака да ги напушти Њу Орлеанс Пеликанс!...