Биелса: Натпреварот со Шпанија e како финале за нас

Селекторот на уругвајската фудбалска репрезентација, Марсело Биелса, изјави дека сите во тимот го прифаќаат последниот натпревар од Групата Х на Светското првенство во 2026 година против Шпанија како финале и се многу мотивирани да се борат за победа што ќе загарантира пласман во шеснаесетфиналето. Натпреварот во Гвадалахара е утре наутро во 2:00 часот по наше време

Прегледи:

Датум:

Селекторот на уругвајската фудбалска репрезентација, Марсело Биелса, изјави дека сите во тимот го прифаќаат последниот натпревар од Групата Х на Светското првенство во 2026 година против Шпанија како финале и се многу мотивирани да се борат за победа што ќе загарантира пласман во шеснаесетфиналето. Натпреварот во Гвадалахара е утре наутро во 2:00 часот по наше време.

Јужноамериканците, кои го заземаат второто место во групата со 2 бода по двата нерешени натпревари против Саудиска Арабија (1:1) и Капо Верде (2:2), се свесни дека поразот би значел крај на нивните надежи за продолжување во елиминациите. Европскиот шампион Шпанија, од друга страна, е лидер во групата со 4 бода и досега не примил гол на турнирот.

„На овој натпревар му пристапуваме со менталитет на финале. Мораме да бидеме агресивни, да играме динамично и да се обидеме да ја контролираме иницијативата“, рече Биелса.

Тој е категоричен дека Уругвај нема да размислува главно за одбраната, бидејќи нерешено можеби нема да биде доволно за да се пласира понатаму. „Мораме да се обидеме повеќе да ја контролираме топката и да не им дозволиме на Шпанците да го сторат тоа, бидејќи тоа е нивната сила. Свесни сме дека најдобриот начин да се браниме е кога топката е пред вашите нозе“, рече аргентинскиот стручњак.

Биелса истакна дека младата ѕвезда на шпанскиот тим, Ламин Јамал, е најсериозната закана за неговиот тим. „Тој е играч кој може да ја помести вагата во секој момент. Сите го знаат тоа, не е ништо ново. Јамал може да ја дестабилизира секоја одбрана. Тој е клучен играч кој може да ги одлучи натпреварите“, додаде уругвајскиот селектор.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Од Милано најавуваат револуција: Евролигата од следната сезона со повеќе тимови и конференции

Не е тајна дека во европската кошарка ќе преовладуваат...

Вотсон ги одби Денвер и 70 милиони долари!

Денвер Нагетс му понудија на Пејтон Вотсон четиригодишен договор...

Лукаку втор фудбалер во историјата по вкупната вредност на трансферите

Ромелу Лукаку испиша уште една интересна страница во фудбалската...

Нурмагомедов ја одложува одлуката за својата иднина

Усман Нурмагомедов ќе ѝ даде на ПФЛ 90 дена...