Мадибо доби само 5 натпревари казна поради кршењето на ногата на Коне

Прегледи:

Датум:

Катарскиот репрезентативец Асим Мадибо е суспендиран на пет натпревари откако му ја скрши ногата на Исмаел Коне во второто коло од Светското првенство, одлучи фудбалската централа (ФИФА).

„Исмаел Коне ќе биде надвор од терените пет месеци по тој старт, поради што ФИФА одлучи да му изрече суспензија од пет натпревари на Мадибо, и покрај неговото извинување“, објави Фабрицио Романо.

Мадибо го „сосече“ 24-годишниот Канаѓанец во ногата одзади во 54-тата минута, кој веднаш падна на земја и набрзо имаше што да види кога си ја погледна ногата.

X/Принтскрин/Sportskeeda Football

Може да се каже дека Мадибо помина добро, бидејќи има играчи на кои ФИФА им изрекла многу полоши казни. Индонезиецот Мурсид Ефенди беше суспендиран доживотно во 1998 година поради намерно постигнување автогол против Тајланд, за да може неговиот тим да избегне посилен противник во следната рунда.

За време на квалификацискиот натпревар за Светското првенство во 1989 година против Бразил на „Маракана“, чилеанскиот голман Роберто Рохас се преправаше дека е погоден од ракета од трибините. Тој скри брич во ракавицата и си го пресече челото за да го прекине натпреварот. ФИФА ја откри измамата, му ја додели победата на Бразил, го исфрли Чиле од Светското првенство во 1994 година и доживотно го суспендираше Рохас од фудбалот (неговата забрана беше укината дури во 2001 година).

Во 1994 година, Марадона беше критикуван од ФИФА во Соединетите Држави кога беше суспендиран 15 месеци поради позитивен тест на забранета супстанца.

Секако, најновиот пример за сериозен прекршок беше виден во 2014 година кога Луис Суарез го касна Џорџо Кјелини. Организацијата го казни со девет меѓународни натпревари, па дури и четиримесечна забрана за каква било фудбалска активност (не му беше дозволено да тренира со клубот или да влегува на стадионот).

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Откриена клаузула во договорот на Фабрегас: Важи само за три клуба

Цеск Фабрегас изгради проект во Комо на кој е...

Чеферин никогаш пожестоко кон Инфантино: „Царот е гол, време е да кажеме доста“

Претседателот на Европската фудбалска федерација (УЕФА), Александар Чеферин, рече...

Алонсо остана лојален на Астон Мартин: Не се откажува од Формула 1 и на 45 години

Фернандо Алонсо нема намера да застане по 2026 година,...