Историски успех за Македонија – Ѓорческа се пласира на главниот турнир на Вимблдон

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира на главниот турнир на Вимблдон, како прва македонска тенисерка во поединечна конкуренција.

Прегледи:

Датум:

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира на главниот турнир на Вимблдон, како прва македонска тенисерка во поединечна конкуренција.

Ѓорческа во третото коло од квалификациите – финалето ја победи Лусија Бронцети од Италија со 2:0 во сетови (6-1 6-2) за 73 минути игра. Ѓорческа во квалификациите постигна три победи, а претходно ги совлада Анхела Фита Болуда (Шпанија) и Франциска Жорге (Португалија). Денешната ривалка беше 20-та носителка во квалификации и 127. ма рангирана тенисерка.

Првиот сет и припадна убедливо на Ѓорческа со 6:1 во гемови, иако противничката го освои првиот гем со брејк, но потоа следуваше серија од шест гема за македонската тенисерка и сетот го доби за 31 минута.

Инаку мечот беше префрлен на теренот број 18, откако претходно на теренот број 10 каде што требаше да играат мечот во машка конкуренција траеше 4 часа и 46 минути и се играше во пет сета.

На стартот од вториот сет по водството на Бронцети од 1:0, во 2-иот гем Ѓорческа спаси осум брејк топки и по 20 одиграни поени изедначи на 1:1 во гемови, а потоа веднаш направи брејк за водство од 2:1 и предноста ја зголеми на 3:1. Во следните два гема немаше брејк и Ѓорческа ја задржа предноста од два гема – 4:2. Македонската тенисерка во седмиот гем направи уште еден брејк за водство од 5:2. Во следниот гем на свој сервис Ѓорческа само ја потврди победата и пласманот на Вимблдон.

Извлекувањето за главниот турнир ќе се одржи утре (петок).

Статистички Ѓорческа имаше 9 аса, ривалката 3, на мрежа нашата тенисерка освои 8 од 10 поени, притоа имаше 5 брејка од 9 можности и успеа да спаси дури 13 брејк топки во мечот. Во вкупниот број поени скорот беше 65:42 за Ѓорческа.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Откриена клаузула во договорот на Фабрегас: Важи само за три клуба

Цеск Фабрегас изгради проект во Комо на кој е...

Чеферин никогаш пожестоко кон Инфантино: „Царот е гол, време е да кажеме доста“

Претседателот на Европската фудбалска федерација (УЕФА), Александар Чеферин, рече...

Алонсо остана лојален на Астон Мартин: Не се откажува од Формула 1 и на 45 години

Фернандо Алонсо нема намера да застане по 2026 година,...