Скандал на Светското првенство – капитенот на најголемото изненадување обвинет за силување!

Рајан Мендес, капитенот на Капе Верде, е обвинет за силување. Овој случај се случил во Нов Зеланд, а бразилскиот „Глобо“ објавува дека станува збор за нивна граѓанка која живее во оваа земја

Прегледи:

Датум:

Рајан Мендес, капитенот на Капе Верде, е обвинет за силување. Овој случај се случил во Нов Зеланд, а бразилскиот „Глобо“ објавува дека станува збор за нивна граѓанка која живее во оваа земја.

Сè се случило во март, кога Капе Верде играле пријателски натпревари против Нов Зеланд и Чиле.

Девојката работела како преведувач на турнирот од серијата ФИФА, а наводниот инцидент се случил во хотелот каде што престојувала репрезентацијата во Окленд.

Според девојката, Мендес затропал на вратата од нејзината хотелска соба доцна навечер, а кога таа ја отворила вратата, тој влегол во собата и ја нападнал.

Сè се случило ноќта по пријателскиот натпревар со Чиле.

Прес-службата на полицијата на Нов Зеланд потврди дека постои постапка, но поради истрагата, не се во можност да дадат повеќе детали.

Капе Верде се пласираа во нокаут фазата на Светското првенство, а ќе видиме што го очекува Мендес по оваа информација.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Лига на нации: Ирска го победи Израел во емотивен натпревар, Грција триумфира во Германија

Ирската репрезентација го победи Израел со 3-0 на стадионот...

Човекот кој ја отвори Пандорината кутија на фудбалот: Кој е Руи Пинто?

Манчестер Сити повторно е во центарот на најголемиот финансиски...

Зверев го запечати успехот на Тим Европа на „Лејвер Купот“

Александар Зверев ја задржа својата смиреност во одлучувачките моменти...