Српскиот напаѓач, Душан Влаховиќ донесе две гајби домати, кои беа видени на аеродромот во Истанбул, а новинарот Онур Ташџиоглу објасни зошто поранешниот играч на Јувентус ги донел со себе.
Тој изјави дека на Турците кои дојдоа во Белград на преговори им се допаднале доматите што ги јаделе во салатата додека вечерале за време на преговорите со тимот на Влаховиќ во Белград, па Влаховиќ решил да ги почасти.
Dusan Vlahovic, Beşiktaşlı yetkililere Belgrad'dan 2 kasa domates hediye etti. (Onur Taşcıoğlu) pic.twitter.com/l6cnT6UZ69
— Nexus Sports (@nexustransfer) August 12, 2026
Интересен и убав гест од Влаховиќ, кој наводно прифатил многу профитабилна понуда од челниците на Бешикташ – дури 10 милиони евра по сезона.
Иако не е познато колку е неговиот договор со новиот клуб, се претпоставува дека ќе трае три сезони, со можност за продолжување за уште една.


