🎬 Влаховиќ претставен во Истанбул, а потоа рече: Целта е титулата

Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ беше претставен како ново засилување на Бешикташ. Тој беше пречекан од илјадници навивачи на стадионот „Тупраш“ во Истанбул.

Прегледи:

Датум:

Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ беше претставен како ново засилување на Бешикташ. Тој беше пречекан од илјадници навивачи на стадионот „Тупраш“ во Истанбул.

Српскиот интернационалец изјави дека сака да ја освои шампионската титула со турскиот клуб.

Влаховиќ го зеде бројот 28, по што им порача на навивачите дека ќе го даде својот максимум на секој натпревар.

„Многу сум среќен и горд што сум тука. Ви благодарам на сите што дојдоа на стадионот, како и за топлото добредојде на аеродромот. Ќе го дадам својот максимум за вас“, рече Влаховиќ.

„Горд сум што станав дел од најстариот клуб во Турција. Знаеме која е нашата цел – титулата. Се што сакам е да бидам шампион со вас“, додаде Влаховиќ.

Тој го имаше својот прв тренинг во новиот клуб порано во текот на денот.

Се очекува да дебитира во недела, кога Бешикташ игра против Ејупспор во првиот натпревар од турското првенство.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Алонсо остана лојален на Астон Мартин: Не се откажува од Формула 1 и на 45 години

Фернандо Алонсо нема намера да застане по 2026 година,...

Медведев го освои турнирот во Хангжу

Данил Медведев ја освои титулата на турнирот во Хангжу,...

Алборг пронајде наследник на Јури Кнор

Алборг брзо пронајде наследник на Јури Кнор, кој ќе...