Ендрик се враќа на „Сантијаго Бернабеу“

Ендрик дефинитивно се враќа во Реал Мадрид. По позајмицата во Лион, каде што играше напролет минатата сезона, младиот Бразилец е очигледно во плановите на новиот тренер Жозе Мурињо, па затоа не се разгледува нова позајмица и евентуално останување во Лига 1, како и купување на уште еден напаѓач

Прегледи:

Датум:

Ендрик дефинитивно се враќа во Реал Мадрид. По позајмицата во Лион, каде што играше напролет минатата сезона, младиот Бразилец е очигледно во плановите на новиот тренер Жозе Мурињо, па затоа не се разгледува нова позајмица и евентуално останување во Лига 1, како и купување на уште еден напаѓач.

Бразилскиот интернационалец, кој е со Бразил на Светското првенство, но моментално добива само мала минутажа за играње под водство на тренерот Карло Анчелоти (само 36 минути на три натпревари), верува дека надминал некои „детски болести“ и е подготвен да се бори за место во тимот на Реал Мадрид.

„Физичката подготвеност и силата на Ендрик ќе бидат важни за португалскиот тренер“, го пренесува „Марка“ мислењето на стручниот штаб на Реал Мадрид, со верување дека Мурињо би можел да му даде шанса да игра покрај Килијан Мбапе.

Ендрик постигна пет гола и имаше седум асистенции на 16 натпревари за Лион, е под договор со Реал до јуни 2030 година, а многумина веруваат дека претстојната сезона би можела да биде клучна за неговата иднина.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Македонија конечно се израдува на гол, но поразите продолжуваат: Седлоски и натаму без победа!

Македонската фудбалска репрезентација повторно си заминува со наведнати глави,...

📸 Новиот грандиозен имот на Леброн Џејмс е речиси завршен

Пред три години, 41-годишниот американски кошаркар сруши куќа од...

Ѕвездата на Пеликанс бара размена!

Дежонте Мареј сака да ги напушти Њу Орлеанс Пеликанс!...