Габриел Жесус го напушта Арсенал и ќе се обиде да ја оживее кариерата во Италија

Според познатиот италијански новинар Николо Шира, Жесус ја прифатил понудата од Наполи, а сега клубот од јужна Италија треба да се договори за обештетување со Арсенал.

Прегледи:

Датум:

Веќе малку заборавениот Габриел Жесус наскоро ќе го напушти Арсенал и ќе се обиде да ја оживее кариерата во Италија.

Според познатиот италијански новинар Николо Шира, Жесус ја прифатил понудата од Наполи, а сега клубот од јужна Италија треба да се договори за обештетување со Арсенал.

Според Шира, Жесус се согласил на значително пониска плата од онаа што ја има во Арсенал, и се согласил да настапува за Наполи до летото 2029 година.

Жесус, кој има договор со Арсенал до летото следната година, одигра 27 натпревари во сите натпреварувања минатата сезона, од кои само 14 во Премиер лигата и имаше статус на трет напаѓач зад Виктор Ѓекереш и Каи Хаверц.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Македонија конечно се израдува на гол, но поразите продолжуваат: Седлоски и натаму без победа!

Македонската фудбалска репрезентација повторно си заминува со наведнати глави,...

📸 Новиот грандиозен имот на Леброн Џејмс е речиси завршен

Пред три години, 41-годишниот американски кошаркар сруши куќа од...

Ѕвездата на Пеликанс бара размена!

Дежонте Мареј сака да ги напушти Њу Орлеанс Пеликанс!...