Адвокат: Фаворити сме против Брегот на слоновата коска, нели е така?

Тренерот на Курасао, Дик Адвокат, изјави пред натпреварот против Брегот на Слоновата Коска дека неговиот тим нема да игра исклучиво дефанзивно, туку ќе се обиде да ја искористи секоја можност за постигнување гол.

Прегледи:

Датум:

Тренерот на Курасао, Дик Адвокат, изјави пред натпреварот против Брегот на Слоновата Коска дека неговиот тим нема да игра исклучиво дефанзивно, туку ќе се обиде да ја искористи секоја можност за постигнување гол.

„Имаме добра организација на играта и ќе се обидеме да постигнуваме голови. Имавме шанси во претходните натпревари, особено против одличен противник како Еквадор. Покажавме дека можеме да создаваме шанси, а кога ги создавате, можете и да постигнувате голови. Ќе мора да работиме напорно, но мислам дека нивните тројца напаѓачи се навистина врвни“, рече Адвокат.

Холанѓанецот се насмевна кога го прашаа дали неговиот тим може да победи.

„Порано реков дека ова веројатно ќе биде првиот натпревар каде што сме фаворити! Нели е така? Не, пред нас е многу тежок натпревар. Играме против три одлични екипи. Но, одлично е за Курасао што има можност да игра против такви ривали. Против Еквадор покажавме дека не само што можеме да се браниме, туку и да го препознаеме вистинскиот момент за напад. Ќе се обидеме да го направиме тоа и сега.“

Напаѓачот Тахит Чонг верува дека тимот може да одигра уште еден добар настап.

„Брегот на Слоновата Коска е одличен тим и знаеме дека нè очекува тежок натпревар. Како тим мора да бидеме многу добро организирани и да работиме исклучително напорно. Го имаме овој одличен човек покрај нас“, рече Чонг, покажувајќи кон Адвокат, „кој ќе ни помогне со тактички план што ќе се обидеме да го спроведеме најдобро што можеме“.

Натпреварот помеѓу Курасао и Брегот на Слоновата Коска ќе се игра во четврток во 22 часот во Филаделфија, во последното коло од Групата Е од квалификациите за Светското првенство.

Курасао претходно загуби со 7-1 од Германија и ремизираше 0-0 со Еквадор.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Ливерпул протега рака кон Чуанеми

Дваесеткратниот англиски шампион Ливерпул е заинтересиран за францускиот играч...

Извршниот директор на Сити: Невини сме, ќе се бориме

Извршниот директор на Манчестер Сити, Феран Сориано, ги предупредил...

Ефектот „Зидан“ на дело! Франција доминира како што не доминирала во последните 20 години

Француската фудбалска репрезентација покажа импресивна контрола и прецизност во...

Кајоде по деби голот за Италија: Не очекував таков почеток, сакавме да се докажеме

Бекот на Брентфорд, Мајкл Кајоде, имаше деби од соништата...