Голема главоболка за Египет: Салах се повреди пред нокаут фазата на Светското првенство

Египетската фудбалска репрезентација се квалификуваше за осминафиналето на Светското првенство, но може сериозно ослабени да влезат во нокаут фазата. Најголема главоболка за селекторот е здравјето на капитенот Мохамед Салах, кој се повреди во ремито со Иран (1:1) во последното коло од групната фаза.

Прегледи:

Датум:

Ѕвездата на египетската репрезентација мораше да го напушти теренот во 57-та минута, а деталните лекарски прегледи покажаа дека ја истегнал тетивата. Египетската фудбалска асоцијација објави дека Салах веднаш го започнал процесот на рехабилитација, но сè уште не е познато дали ќе може да се опорави на време за осминафиналниот натпревар против Австралија, кој е закажан за 3 јули во 20 часот во Арлингтон.

Проблемите за Египќаните не завршуваат тука. Повреди ја погодија и дефанзивната линија.

Ахмед Фатух дефинитивно нема да биде во конкуренција за претстојниот натпревар, додека тренерскиот штаб е претпазливо оптимистичен дека Мохамед Абделмонем ќе успее да ја санира повредата на глуждот и да биде подготвен за еден од најважните натпревари на тимот на ова Светско првенство.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Македонија конечно се израдува на гол, но поразите продолжуваат: Седлоски и натаму без победа!

Македонската фудбалска репрезентација повторно си заминува со наведнати глави,...

📸 Новиот грандиозен имот на Леброн Џејмс е речиси завршен

Пред три години, 41-годишниот американски кошаркар сруши куќа од...

Ѕвездата на Пеликанс бара размена!

Дежонте Мареј сака да ги напушти Њу Орлеанс Пеликанс!...