Скандал на Светското првенство – капитенот на најголемото изненадување обвинет за силување!

Рајан Мендес, капитенот на Капе Верде, е обвинет за силување. Овој случај се случил во Нов Зеланд, а бразилскиот „Глобо“ објавува дека станува збор за нивна граѓанка која живее во оваа земја

Прегледи:

Датум:

Рајан Мендес, капитенот на Капе Верде, е обвинет за силување. Овој случај се случил во Нов Зеланд, а бразилскиот „Глобо“ објавува дека станува збор за нивна граѓанка која живее во оваа земја.

Сè се случило во март, кога Капе Верде играле пријателски натпревари против Нов Зеланд и Чиле.

Девојката работела како преведувач на турнирот од серијата ФИФА, а наводниот инцидент се случил во хотелот каде што престојувала репрезентацијата во Окленд.

Според девојката, Мендес затропал на вратата од нејзината хотелска соба доцна навечер, а кога таа ја отворила вратата, тој влегол во собата и ја нападнал.

Сè се случило ноќта по пријателскиот натпревар со Чиле.

Прес-службата на полицијата на Нов Зеланд потврди дека постои постапка, но поради истрагата, не се во можност да дадат повеќе детали.

Капе Верде се пласираа во нокаут фазата на Светското првенство, а ќе видиме што го очекува Мендес по оваа информација.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Македонија конечно се израдува на гол, но поразите продолжуваат: Седлоски и натаму без победа!

Македонската фудбалска репрезентација повторно си заминува со наведнати глави,...

📸 Новиот грандиозен имот на Леброн Џејмс е речиси завршен

Пред три години, 41-годишниот американски кошаркар сруши куќа од...

Ѕвездата на Пеликанс бара размена!

Дежонте Мареј сака да ги напушти Њу Орлеанс Пеликанс!...