📽️ Се појавија снимки од наводно наместениот натпревар меѓу Алжир и Австрија, Иранците тврдат дека сето тоа било заговор

Според информациите што циркулираат на интернет, а кои беа придружени со преводи од арапските медиуми од местото на настанот, Алжир и Австрија наводно имале премолчен договор натпреварот да заврши нерешено, исход со кој беше елиминирана иранската репрезентација

Прегледи:

Датум:

Според информациите што циркулираат на интернет, а кои беа придружени со преводи од арапските медиуми од местото на настанот, Алжир и Австрија наводно имале премолчен договор натпреварот да заврши нерешено, исход со кој беше елиминирана иранската репрезентација.

Сепак, планот стана комплициран во последните минути. Ѕвездата на Алжир, Ријад Марез, постигна гол за резултат од 3-2 во 93-тата минута.

Веднаш по тој гол, австриските играчи целосно полудеа. Тие истрчаа кон алжирската клупа, гестикулирајќи диво и протестирајќи против „кршењето на договорот“.

Видеото, кое собра милиони прегледи за неколку часа, покажува хаос во близина на аут-линијата. Јасно го прикажува алжирскиот репрезентативец со број 8 (Ауар) и техничкиот персонал како се обидуваат да ги смират лутите Австријци.

Според иранските медиуми, Ауар во тој момент им гестикулирал со рацете на Австријците да ја спуштат топката и им рекол: „Бидете трпеливи, сè уште има доволно време за израмнување“.

Потоа на видеото се гледа како австрискиот фудбалер му се приближува на Алжирецот и наводно му дава инструкции како да се позиционира во одбраната за Австрија полесно да постигне гол.

Четвртиот судија морал да се вклучи во целата приказна, заедно со техничкиот персонал, кој, според сведоците, се обидел да ги раздели играчите за да не биде премногу забележливо за камерите.

Кратко по овие сцени и разговори на аут-линијата, токму кога се изведувал почетниот удар од центарот, Австрија постигна гол за да го направи резултатот 3:3, што беше и конечниот резултат на натпреварот.

Овој настан потсетува на озлогласениот натпревар од Светското првенство во 1982 година познат како „Срамот во Хихон“, кога Западна Германија и Австрија одиграа точно 1:0 за да го елиминираат, иронично, Алжир.

Четириесет и четири години подоцна, очигледно работите се сменија, а овој пат жртвата е Иран.

ФИФА сè уште не даде официјална изјава за овие снимки, но притисокот од јавноста и иранската спортска делегација расте.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мозес Рајт го потврди трансферот во Барселона

Мозес Рајт со право ја заработи титулата еден од...

Голден Стејт верува дека ќе потпишат со Леброн

Додека НБА ги одбројува последните денови до почетокот на...

🎥Доцна драма го одреди првиот осминафиналист на Светското првенство

Канада стигна до осминафинале на Светското првенство по доцната...

Како Белингам стана клучен играч за Англија на Тухел?

Во јуни 2024 година, Џуд Белингам ги спаси надежите...