Очекувам да одиграме доста подобро со Бугарија, кажа Берокал по поразот од 29 разлика во Самоков

Кошаркарската репрезентација на Македонија вечерва од 18:00 часот во салата „Лазар Лечиќ“ ќе го одигра вториот контролен натпревар во подготвителниот период, а противник повторно ќе биде Бугарија

Прегледи:

Датум:

Кошаркарската репрезентација на Македонија вечерва од 18:00 часот во салата „Лазар Лечиќ“ ќе го одигра вториот контролен натпревар во подготвителниот период, а противник повторно ќе биде Бугарија.

По првата проверка во Самоков, каде домашната селекција славеше победа од 29 разлика, избраниците на селекторот Жозе Марија Берокал ќе имаат можност за ново мерење на силите, овојпат пред домашната публика.

Берокал очекува подобро издание од неговите кошаркари во однос на првиот натпревар.

„Ни следува контролниот натпревар со Бугарија на кој ќе видиме кој ќе игра, како функционираме и како ќе изгледаме на теренот. На претходниот натпревар игравме со 12 играчи, бевме комплетни 20 минути против една доста добра и искусна селекција која одигра на високо ниво. Очекувам вечерва да одиграме доста подобро“, вели селекторот.

Овој циклус носи нешто повеќе време за подготовка, но и промени во составот. Од играчите кои беа на првиот собир, само дел се од претходниот состав.

„За разлика од претходниот циклус, сега имаме малку повеќе време, но не премногу. Имаме и неколку нови играчи. Од 16 кошаркари кои беа на првиот тренинг, само пет беа од ланскиот состав“, додава Берокал.

Македонскиот стручен штаб и понатаму се соочува со проблеми околу составувањето на ростерот, но селекторот нагласува дека ова е ситуација со која се соочуваат и други репрезентации.

„Таква е кошарката. Сите тимови имаат проблеми како да го формираат ростерот. Многу работи не можеш да контролираш. Нови договори, повреди, НЦАА… Секогаш постојат причини зошто многу тимови, не само ние, не можат да го состават тимот кој го посакуваат“, објаснува селекторот.

И покрај тоа што по контролата со Бугарија следуваат важните натпревари од претквалификациите за Евробаскетот 2029, Берокал инсистира на максимален фокус кон следниот предизвик.

„Фокусот е поставен на тоа како ќе играме ние. За Ирска сè уште не размислуваме, ќе почнеме на почетокот на викендот. Знаете дека имаме и нов играч. Очигледно ни треба една победа за да останеме на првото место во групата. Подобро е тоа да го реализираме на домашен терен, но прво ќе играме со Бугарија, па дури потоа ќе почнеме да размислуваме како да дојдеме до победата против Ирска“, заврши Берокал.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Македонија конечно се израдува на гол, но поразите продолжуваат: Седлоски и натаму без победа!

Македонската фудбалска репрезентација повторно си заминува со наведнати глави,...

📸 Новиот грандиозен имот на Леброн Џејмс е речиси завршен

Пред три години, 41-годишниот американски кошаркар сруши куќа од...

Ѕвездата на Пеликанс бара размена!

Дежонте Мареј сака да ги напушти Њу Орлеанс Пеликанс!...