Богдановски госмени Вардар со Бутел

Чуварот на мрежата Марко Богдановски во наредните две сезони ќе биде меѓу стативите на Бутел Скопје и ќе формира голманско трио со Градимир Чаневски и Атанасиј Трсунов

Прегледи:

Датум:

Чуварот на мрежата Марко Богдановски во наредните две сезони ќе биде меѓу стативите на Бутел Скопје и ќе формира голманско трио со Градимир Чаневски и Атанасиј Трсунов.
Богдановски доаѓа од редовите на шампионот Вардар каде мина две и пол години по трансферот од Аеродром, а во овој клуб бранеше од 2022 до 2024 година.
Дваесет и пет годишниот голман потекнува од редовите на Металург, а низ кариерата имаше настапи и за тимовите на Јуниор Кисела Вода и Голден Арт.
Од Вардар доаѓа со освоена двојна круна и повторно ќе има можност да соработува со тренерот Стојанче Стоилов, кој од ова лето ќе ја води екипата од Бутел.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Македонија конечно се израдува на гол, но поразите продолжуваат: Седлоски и натаму без победа!

Македонската фудбалска репрезентација повторно си заминува со наведнати глави,...

📸 Новиот грандиозен имот на Леброн Џејмс е речиси завршен

Пред три години, 41-годишниот американски кошаркар сруши куќа од...

Ѕвездата на Пеликанс бара размена!

Дежонте Мареј сака да ги напушти Њу Орлеанс Пеликанс!...