Ѓорческа ja победи Жорге и ќе игра меч за влез на главниот турнир на Вимблдон

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да постигне победа во второто коло од квалификациите на Вимблдон откако ја совлада Франциска Жорге од Португалија со 2-1 во сетови (57 62 61) за 2 часа и 23 минути игра. Триумфот на Ѓорческа беше остварен со пресврт и во вториот и третиот сет буквално доминираше на теренот број 10 и направи серија од 12:3 во гемови.

Прегледи:

Датум:

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да постигне победа во второто коло од квалификациите на Вимблдон откако ја совлада Франциска Жорге од Португалија со 2-1 во сетови (57 62 61) за 2 часа и 23 минути игра. Триумфот на Ѓорческа беше остварен со пресврт и во вториот и третиот сет буквално доминираше на теренот број 10 и направи серија од 12:3 во гемови.

По загубениот сет, Ѓорческа почна по решително во вториот сет и со два брејка поведе со 3:0 во гемови, а Жорге намали со брејк на 3:1. Македонската тенисерка направи уште еден брејк во седмиот гем и поведе со 5:2, а во осмиот гем на свој сервис ја искористи првата сет топка за 6:2 и 1-1 во сетови.

Во решавачкиот сет Македонката поведе повторно со 3:0 во гемови по двата брејка, а вториот беше по десет одиграни поени. Во следниот гем Жорге направи брејк, но тоа беше сè од неа во третиот сет бидејќи Ѓорческа ја искористи втората меч топка и сетот го доби со убедливи 6:1.

Утре во третото коло од квалификациите (финале) за влез на главниот турнир Лина Ѓорческа ќе игра против Лусија Бронцети од Италија, која со 2-0 во сетови (63 63) ја победи Јустина Микулските. Ова ќе биде трет меѓусебен дуел на двете тенисерки, а скорот 1-1 во победи. Двата меча беа решени во три сета и беа одиграни во 2021 година, а во Белинцона (Швајцарија) победи Бронцети, а во Москва (Русија) триумфираше Ѓорческа.

Денешната програма на Вимблдон беше во прекин околу 1,5 час поради високите температури.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

🎬Леброн претставен во дресот на Филаделфија: Не дојдов за да бидам елиминиран во втората рунда

Леброн Џејмс се појави во дресот на Филаделфија 76ерс...

Порзингис има здравствени проблеми и не е познато кога ќе се врати во игра

Центарот на Голден Стејт Вориорс, Кристапс Порзингис, има здравствени...

Седлоски: Очекувам фудбалерите да покажат поголем квалитет и карактер на теренот

Фудбалската репрезентација на Македонија утре ја очекува вториот натпревар...

Ни требаат неколку квалитетни меча за да ја подигнеме самодовербата, изјави Димитриевски пред мечот со Словенија

Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Столе Димитриевски на...