Ред Бул му се извини на Верстапен за несреќата во квалификациите

Шефот на тимот на Ред Бул, Лоран Мекис, изјави по квалификациите за Големата награда на Австрија дека несреќата на Макс Верстапен е предизвикана од техничка грешка.

Прегледи:

Датум:

Шефот на тимот на Ред Бул, Лоран Мекис, изјави по квалификациите за Големата награда на Австрија дека несреќата на Макс Верстапен е предизвикана од техничка грешка.

Четирикратниот светски шампион се урна во кривината 9 на крајот од Q3 откако ја изгуби контролата врз својот автомобил при влегувањето во кривината.

Од зборовите на Мекис, можеме да заклучиме дека имало некаков проблем со затворањето на задното крило на автомобилот на Верстапен на крајот од активната аеродинамичка зона.

„Динамиката на несреќата беше доста нетипична. Изгубивме притисок на задниот дел од автомобилот и Макс немаше шанси да „преживее“. Како тим, ја преземаме целосната одговорност за тоа што се случи и му се извинуваме“, рече Мекис.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Македонија конечно се израдува на гол, но поразите продолжуваат: Седлоски и натаму без победа!

Македонската фудбалска репрезентација повторно си заминува со наведнати глави,...

📸 Новиот грандиозен имот на Леброн Џејмс е речиси завршен

Пред три години, 41-годишниот американски кошаркар сруши куќа од...

Ѕвездата на Пеликанс бара размена!

Дежонте Мареј сака да ги напушти Њу Орлеанс Пеликанс!...