Вајт: Ислам постигна повеќе од Хабиб, но…

Претседателот на UFC верува дека Нурмагомедов можел да биде најголемиот борец во историјата

Прегледи:

Датум:

Претседателот на UFC, Дана Вајт, ги спореди наследствата на две од најголемите руски ѕвезди во историјата на организацијата – Ислам Махачев и Хабиб Нурмагомедов.

Според Вајт, Махачев веќе постигнал повеќе од својот претходник, но тоа во голема мера се должи на фактот дека тој ја продолжил својата кариера подолго.

„Очигледно Ислам постигнал повеќе од Хабиб затоа што се бореѓе подолго. Којзнае што можеше да постигне Хабиб ако ја продолжеше својата кариера… И искрено, ако Хабиб го направеше она што е способен, дефинитивно ќе станеше најголемиот борец на сите времиња“, изјави Вајт за TMZ Sports.

Ислам Махачев (34) е во серија од 16 победи и е на прагот да ја направи својата прва одбрана на титулата во велтер категорија. Неговиот противник во Филаделфија ќе биде Ирецот Иан Мачадо Гари.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Македонија конечно се израдува на гол, но поразите продолжуваат: Седлоски и натаму без победа!

Македонската фудбалска репрезентација повторно си заминува со наведнати глави,...

📸 Новиот грандиозен имот на Леброн Џејмс е речиси завршен

Пред три години, 41-годишниот американски кошаркар сруши куќа од...

Ѕвездата на Пеликанс бара размена!

Дежонте Мареј сака да ги напушти Њу Орлеанс Пеликанс!...