Кадетите од „минус 18“ до убедлива победа над Унгарија на Европското првенство

Македонската репрезентација до 16 години со одличен пресврт ја совлада Унгарија со 95:76 и обезбеди пласман во натпреварот за 13. место на Европското првенство од Дивизијата „Б“.

Прегледи:

Датум:

Македонската репрезентација до 16 години со одличен пресврт ја совлада Унгарија со 95:76 и обезбеди пласман во натпреварот за 13. место на Европското првенство од Дивизијата „Б“.

Нашите кадети имаа тежок почеток на натпреварот и во вториот период се најдоа во негатива од 18 поени (33:51). Сепак, избраниците на селекторот Дејан Стојановски покажаа карактер и со одлична игра во продолжението целосно го свртеа текот на мечот.

Пресвртот започна уште во финишот на првото полувреме, а целосен пресврт Македонија направи во третата четвртина. Нашите кошаркари го добија овој период со убедливи 33:15 и пред последните десет минути влегоа со водство од 69:68.

Во последната четвртина македонските кадети продолжија во ист ритам, ја зголемуваа предноста и на крајот стигнаа до убедлив триумф од 95:76.

Дион Шабани повторно беше меѓу најдобрите во македонскиот состав со нов дабл-дабл од 24 поени и 11 скока. Александар Котевски постигна 22 поени, додека Илија Коневски натпреварот го заврши со 17 поени. А капитенот Анѓеловски го заврши мечот со 15.асистенции и седум поени.

Со оваа победа Македонија продолжува во борбата за 13. место на шампионатот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Македонија конечно се израдува на гол, но поразите продолжуваат: Седлоски и натаму без победа!

Македонската фудбалска репрезентација повторно си заминува со наведнати глави,...

📸 Новиот грандиозен имот на Леброн Џејмс е речиси завршен

Пред три години, 41-годишниот американски кошаркар сруши куќа од...

Ѕвездата на Пеликанс бара размена!

Дежонте Мареј сака да ги напушти Њу Орлеанс Пеликанс!...