Верховен бара реванш со Усик: Време е за последниот танц

Холандската кикбокс ѕвезда го предизвика Олександр Усик на реванш откако Украинецот се откажа од своите светски титули во тешка категорија

Прегледи:

Датум:

Светскиот шампион во кикбокс, Рико Верховен, упати официјален предизвик до Олександр Усик за реванш откако Украинецот се откажа од три од своите светски титули во тешка категорија.

Холанѓанецот се огласи на социјалните мрежи за да го предизвика Усик за уште една борба, за која верува дека може да стане најголемиот кросовер настан во боречките спортови.

„Последниот танц! Време е за реванш. Да ја направиме оваа најголема кросовер борба на нашата ера“, рече Верховен, цитиран од списанието „The Ring“.

Двајцата се сретнаа кон крајот на мај во Египет, кога Усик победи по контроверзното прекинување на борбата. Тимот на Верховен поднесе официјален протест, тврдејќи дека борбата е предвреме прекината, но Светскиот боксерски совет (WBC) не ја прифати жалбата.

По одлуката на Усик да се откаже од своите титули во WBA, WBC и IBF, Украинецот повеќе не е обврзан со задолжителни одбрани, што отвора можност за организирање атрактивна борба надвор од традиционалните шампионски обврски.

Усик (39) веќе објави дека планира да одржи само уште една професионална борба пред конечно да ја заврши кариерата. Затоа Верховен се надева дека последната борба на Украинецот ќе биде реванш против него.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Македонија конечно се израдува на гол, но поразите продолжуваат: Седлоски и натаму без победа!

Македонската фудбалска репрезентација повторно си заминува со наведнати глави,...

📸 Новиот грандиозен имот на Леброн Џејмс е речиси завршен

Пред три години, 41-годишниот американски кошаркар сруши куќа од...

Ѕвездата на Пеликанс бара размена!

Дежонте Мареј сака да ги напушти Њу Орлеанс Пеликанс!...