Швјонтек: Не се грижам за одбраната на титулата на Вимблдон

Актуелната шампионка на Вимблдон, Полјачката Ига Швјонтек, изјави дека не сака да создава големи очекувања пред почетокот на третиот Гренд слем во сезоната, свесна дека во последните години било исклучително тешко да се одбрани трофеј во женска конкуренција

Прегледи:

Датум:

Актуелната шампионка на Вимблдон, Полјачката Ига Швјонтек, изјави дека не сака да создава големи очекувања пред почетокот на третиот Гренд слем во сезоната, свесна дека во последните години било исклучително тешко да се одбрани трофеј во женска конкуренција.

На лондонската трева во последните десет изданија, дури девет различни тенисерки ја освоија титулата, а шесткратната Гренд слем шампионка признава дека нема објаснување зошто е толку тешко да се повтори успехот на Вимблдон.

„Сигурно е дека ова е турнир кој носи различни предизвици кога се враќате како актуелен шампион поради сè што ја придружува таквата ситуација. Многу од играчите кои освоија титули тука веќе беа Гренд слем шампиони, но зошто е толку тешко да се одбрани трофеј тука, навистина не знам“, рече Швјонтек.

Полјачката го освои Вимблдон за прв пат минатата година, со убедлива победа од 6-0, 6-0 во финалето против Американката Аманда Анисимова. Сепак, оваа сезона таа не успеа да најде континуитет.

Таа го заврши натпреварувањето во четвртфиналето на Австралија Опен, турнирот во Катар и Индијан Велс, само за да претрпи изненадувачки пораз во второто коло во Мајами од сонародничката Магда Линет. По тој неуспех, таа го смени тренерот, а Франциско Роиг го наследи Вим Фисет.

Најголемиот удар го доживеа на Ролан Гарос, каде што четирикратната шампионка беше елиминирана во осминафиналето од Украинката Марта Костјук.

Подготовките за сезоната на трева исто така не одеа според планот. Како прва носителка на турнирот во Бад Хомбург, таа беше запрена во осминафиналето откако загуби од Ема Наваро.

„Се чувствувам како да почнувам од сосема поинаква позиција сега. Се обидувам да не поставувам високи очекувања. Иако сите зборуваат за одбрана на мојата титула, најважно за мене е да ги играм натпревари и да се прилагодам на условите. Не очекувам сè да помине непречено само затоа што го освоив турнирот минатата година“, рече 25-годишната тенисерка.

Швјонтек ќе биде трета носителка оваа година и ќе го отвори натпреварувањето со дуел против Американката Тејлор Таунсенд.

„Кога ќе се осврнам на тоа како играв минатата година, се сеќавам дека бев целосно фокусирана на целта и дека немав многу дилеми. На почетокот на турнирот никогаш не знаете во каква форма сте и мора да откриете преку првите натпревари. Се надевам дека и оваа година ќе напредувам од натпревар во натпревар“, заклучи Швјонтек.

Овогодинешниот Вимблдон се игра од 29 јуни до 12 јули.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Ф1 го враќа V8 моторот и контроверзното вбризгување на гориво!?

Дебатата околу правилата за моторите што ќе се користат...

🎬Зошто Расел ја задржа својата пол-позиција на „Ред Бул Ринг“?

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, контроверзно ја освои пол-позицијата...

Верховен бара реванш со Усик: Време е за последниот танц

Светскиот шампион во кикбокс, Рико Верховен, упати официјален предизвик...

На Халанд не му е гајле дали игра!

Ерлинг Халанд ја бранеше контроверзната одлука на тренерот Стал...